Згор збажди

Здружение за обнова и развој на село Збажди, Македонија

Село Збажди во зима

Прекрасно пејсажно видео од с.Збажди во зима, снимено со дрон

НАШИ ЦЕЛИ

Основни цели на Здружението „ ЗГОР ЗБАЖДИ Скопје “ се:

– креирање програми за обнова и развој на село Збажди;

– комуникација и соработка со други села и градови и со нивното население, без разлика на вера и нација

– организирање на настани за возобнова на село Збажди;

– одржување на водоводната мрежа во село Збажди;

– промоција и креирање на планови за унапредување и заштита на животната слредина;

– асфалтирање на останатиот дел од главниот пат до и околу село Збажди, како и патната инфраструктура во село Збажди;

– организација на културни манифестации;

– комуникација со владини институции, општини и општински институции, амбасади на странски земји, компании, здруженија во и надвор од земјата, културни и историски друштва, невладнини организации и останати;

– креирање на официјална веб страна на село Збажди и официјални профили на социјални медиуми, официјални канали на youtube и слични видео и аудио платформи;

– промоција на село Збажди и Малесија на сите видови на медиуми, електронски и пишани, како и преку печатење на книги, фотографии и видеа;

– собирање парични средства за обнова, одржување и развој на водоводната мрежа, патната и останата инфраструктура и за објекти од значење на село Збажди, културни и други манифестации и промоција на село Збажди;

Услуги и Документи

Донирај
Пристапница
Документи & формулари
Имаш идеја? Пиши ни…
Соработка
Места за рекреација

За село Збажди

Збажди (се сретнува и како Зб’жди) — село во областа Малесија, во Општина Струга, сместено високо на падините на планината Караорман. Селото е планинско, на надморска височина од 1.060 метри. Од градот Струга, селото е оддалечено 27 километри.

Историја

Според одредени извори, западно од денешното село се наоѓа месноста Закаменска, од каде потекнува Олимпија, жената на Филип II и мајката на Александар Македонски.

Во XIX век, Збажди било село во рамките на Охридската каза на Отоманското Царство.

Во 1944 година, во селото била основана Првата косовско-метохиска ударна бригада.

Акции и настани

До ‘Ржаново и Локов

Јануари 18, 2025

10:00 – 16:00 часот
Збажди – ‘Ржаново – Локов

Мартиница е проодна

Декември 29, 2024

12:00 – 14:00 часот
Мартиница

Покривање на каптажа

Декември 9, 2024

14:00 – 15:00 часот
с.Збажди

Куќи

Површина

Надморска височина